• Сашо Поповски
Ако ФИФА и УЕФА останат доследни на санкциите за Русија, федерацијата најави дека ќе бара алтернативни решенија.
Руската фудбалска федерација разгледува опција да се приклучи на азискиот фудбал. Ова сценарио е многу изводливо, по санкциите против Русија по воениот конфликт со Украина.
Очекувањата се дека руските клубови и репрезентации ќе добијат забрана за настап во наредните две години. Тоа ќе биде главна причина за „планот Б“ за кој се размислува меѓу челниците на руската федерација.
Приклучувањето кон Азија за руските клубови значи дека тие ќе играат во Азиската Лига на шампиони наместо Лигата на шампионите на УЕФА и АФЦ Купот наместо Лига Европа.