• Горан Упале
Европската фудбалска куќа (УЕФА) го потврди она што долго време се најавуваше и воведе огромен новитет, кој без сомнеж ќе предизвика силни реакции кај јавноста. Имено, станува збор за извлекувањето на групите за новото издание на Лигата на шампионите, кое првпат ќе се игра во новиот формат.
<<< - ПОВРЗАНО - Започнува нова ера: УЕФА ја претстави новата ЛШ која стартува од следната сезона
Бидејќи на првата ждрепка, која обично се одржува во август ќе учествуваат 36 клуба, кои треба да бидат распредени во четири групи, УЕФА подготви компјутерско распределување.
Како објаснување се наведува фактот дека преку традиционално извлекување со садови и топчиња, ждрепката би траела меѓу три или четири часа, бидејќи би требало да се искористат преку 1.000 топчиња и 36 садови. Од УЕФА уверуваат дека со помош на компјутерот извлекувањето треба да трае 35 минути. Сепак, традиционалното извлекување треба да се користи во нокаут-рундите на елитното европско натпреварување.
УЕФА има договор со компанијата „Хертфордшир“ од Англија, која има понуда на компјутерска програма за решавање на комплексниот модел на ждрепката. Останува да се види дали истиот модел ќе се користи и во другите европски натпреварувања.
Секако дека ова ќе предизвика лавина реакции околу веродостојноста на компјутерското извлекување, бидејќи одлуката на УЕФА е во најмала рака контроверзна и нетранспарентна.