УЕФА го одбра најдобриот тим во ЛЕ, Филип Костиќ МВП на сезоната

Ајнтрахт Франкфурт по подобро изведување на пенали го крена трофејот во Лига Европа, откако во финалето славеше со Глазгов Ренџерс

Еден од творците на успехот е српскиот интернационалец, Филип Костиќ, кој го водеше тимот од Германија низ многу натпревари. Поради тоа левото крило го заработи признанието за МВП на сезоната, запишувајќи три погодоци и шест асистенции, дел од нив во многу клучни моменти. 

Покрај најкорисниот фудбалер, УЕФА го одбра и тимот на сезоната. Во него се најдоа четири фудбалери на Ајнтрахт, три на Ренџерс и по два на РБ Лајпциг и Вест Хем. Меѓу стативите е Кевин Трап, во одбраната се Бази (Ренџерс), Хинтерегер (Ајнтрахт Франкфурт), Доусон (Вест Хем), Костиќ (Ајнтрахт Франкфурт), Рајс (Вест Хем), Лаимер (Лајпциг), Таверние (Ренџерс), Кент (Ренџерс), Боре (Ајнтрахт Франкфурт) и Нкунку (Лајпциг).