УЕФА го одби барањето да се интонира британската химна во Лигата на шампионите 

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го одби барањето на Челзи, Манчестер Сити и Глазгов Ренџерс да се пее британската химна пред почетокот на нивните натпревари од второто коло во Лигата на шампионите.

Британските клубови сакале да се интонира нивната химна во спомен на кралицата Елизабета Втора, која почина минатиот четврток.

„Нема да се пуштаат химни, тука е вклучена само химната на Лигата на шампионите. Натпреварите ќе започнат со едноминутно молчење и без никакви славенички активности на сите места во Обединетото Кралство, за да покажеме почит како што направивме во четвртокот“, се вели во соопштението на УЕФА.

Челзи вечерва ќе го пречека Салцбург, Сити игра со Борусија Дортмунд, а Ренџерс против Наполи.