УЕФА го објави најдобриот тим по првото коло во Лигата на шампионите

Европската фудбалска унија (УЕФА) со својот начин на бодување на популарната „Фантази фудбал“, го објави првиот тим на колото во елитната Лига на шампиони. 

Според перформансите на фудбалерите на натпреварите, се добиваат поени. Нападот го предводи Роберт Левандовски, додека најголема оценка на средината има Нкунку од РБ Лајпциг. Во дефанзивата, најдобро оценет е Кристијано од Шериф Тираспол, додека на голот се најде Мајк Мењо од Милан

  • Тимот на првото коло во ЛШ: 

Голман: Мајк Мењо (Милан) 
Одбрана: Алекс Сандро (Јувентус), Кристијано (Шериф), Николас Отаменди (Бенфика), Жоао Кансело (Манчестер Сити)
Среден ред: Кристофер Нкунку (РБ Лајпциг), Џордан Хендерсон (Ливерпул), Џуд Белингем (Дортмунд)
Напад: Ентони (Ајакс), Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Себастиен Але (Ајакс)

Најкорисен играч по првото коло беше Себастијан Але, кој постигна четири гола во својот настап за Ајакс.