• Саше Љолес
Романскиот судија Иштван Ковач е отстранет од понатамошно судење натпревари во Лигата на шампионите, откако било констатирани неколку сериозни пропусти на мечот помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид, одигран на „Ноу Камп“.
Според информациите, УЕФА донела одлука да го санкционира поради сериозен пропуст во судењето, кој директно влијаел на текот на натпреварот. УЕФА сметала дека ваквата грешка е недозволива за натпревари од највисоко ниво, особено во европските купови. Според информациите, Ковач добива казна поради играта со рака на Марк Пубил, по кој домаќините требаше да добијат очигледен удар од белата точка.
Поради тоа, Ковач нема да биде делегиран за наредните европски натпревари во блиска иднина, што практично претставува дисциплинска мерка и сигнал дека организацијата сака да го зачува квалитетот и кредибилитетот на судењето.




