УЕФА го казни Фенербахче по скандирањата за Путин

Навивачите на Фенербахче во дуелот со Динамо Киев се однесуваа недолично и на Украинците им го скандираа името на рускиот претседател Владимир Путин.

Бидејќи во тек е војна меѓу Русија и Украина, јасно беше дека овој чин нема да мине неказнето. Европската куќа на фудбалот (УЕФА) реагираше веднаш и Фенербахче ќе мора да плати парична казна од 50.000 евра. Покрај тоа, на следниот европски натпревар ќе биде затворен дел од трибините. 

Динамо Киев го исфрли Фенер, а турскиот тим продолжи во Лигата на Европа. Гигантот од Истанбул во првиот меч од третото квалификациско коло го доби Словачко со 3-0 и чешкиот тим веројатно ќе го испрати на мегдан со АИК или Шкендија. Фенербахче пак гледа кон плеј-офот во Лигата на Европа и дуел со Австрија Виена.