УЕФА ги утврди термините за четвртфиналните двобои во Лигата на шампионите

Европската фудбалска унија (УЕФА) ги одреди сите термини за четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите. 

Се укинува терминот од 18:45 часот, кој важеше само за групната фаза и осминафиналето, што значи дека сите дуели ќе ги гледаме во вечерниот термин од 21:00 часот. 

Првите натпревари ќе се одиграат на осми април (Арсенал - Реал Мадрид и Баерн Минхен - Интер), а останатите две средби се на програмата следниот ден (Барселона - Борусија Дортмунд и ПСЖ - Астон Вила). Реваншите ќе се одиграат на петнаесетти и шеснаесетти април.