• Горан Упале

Македонскиот фудбалски репрезентативец Ељиф Елмас имаше ноќ за паметење во Неапол, откако со два гола во мрежата на Лестер Сити беше најзаслужен за победата на Наполи во клучниот натпревар во Лигата на Европа.
Со освоените три бода италијанскиот тим обезбеди втора фаза во ова натпреварување, а македонскиот „дијамант“ е тема на денот на Апенините. Неговата фантастична партија против еден од најдобрите тимови од Англија, не само што му донесе бројни позитивни критики и пофалби, туку и големо индивидуално признание.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го избра за најдобар играч во последното коло од групната фаза во Лигата на Европа, што е уште еден податок плус за она што го пружи Елмас на терен против поранешниот шампион во Премиер лигата.
Eljif Elmas = Player of the Week winner!
Agree with the order? @hankookreifen | #UELPOTW | #UEL pic.twitter.com/ONMjORTTME
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) December 10, 2021
Со двата гола против „лисиците“, Елмас стана најдобар стрелец на Наполи во Лигата на Европа оваа сезона со четири гола на своето конто.