• Саше Љолес
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги потврди најважните датуми за натпреварувањата во сезоната 2026/27, која повторно ќе биде исполнета со возбудувања во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.
Новата европска сезона ќе започне во јули со квалификациските рунди, а првите натпревари од квалификациите за Лигата на шампионите се закажани за 7 и 8 јули. Ждрепката за првото и второто квалификациско коло ќе се одржи на средината на јуни. Македонски претставник е првакот Вардар, кој ќе започна уште од второто коло од квалификациите. Во Конференциската лига на почетокот од јули на терен ќе излезат победникот на Купот, Силекс и вицешампионот Шкендија.
Групната фаза во Лигата на шампионите стартува на 8 септември, додека финалето ќе се игра на 5 јуни 2027 година на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид. Финалето на Лига Европа е закажано за 26 мај 2027, а една недела подоцна ќе се одигра и финалето на Конференциската лига. Домаќини на овие финални мечеви ќе бидат Франкфурт и Истанбул.
Покрај клупските натпреварувања, УЕФА ги објави и термините за младинските и женските европски првенства, како и за останатите настани под нејзина организација во текот на 2026 година.
Со објавувањето на календарот, клубовите низ Европа веќе можат да ги планираат подготовките за новата сезона, додека навивачите добија појасна слика за распоредот на најважните европски натпреварувања.