• Саше Љолес

Европската фудбалска унија (УЕФА) официјално потврди две важни новини во правилата кои веднаш ќе се применуваат во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.
Првата промена се однесува на жолтите картони. Наместо суспензија по третиот жолт картон, фудбалерите отсега ќе го пропуштаат следниот натпревар дури по добивањето на четвртиот жолт картон, што ќе им овозможи подолго да останат на располагање на своите тимови.
Втората новина е поврзана со стадионските семафори. Во иднина, покрај регуларните 45 и 90 минути, ќе се прикажува и судиското продолжение, па навивачите ќе можат во секој момент да видат колку дополнително време ќе се игра.
Новите правила стапуваат во сила веднаш и ќе важат за сите натпревари во трите европски клупски натпреварувања организирани од УЕФА.