• Саше Љолес
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на овогидинешните финалиња во сите натпреварувања.
Словенецот Славко Винчиќ ќе биде главен судија на финалето од Лигата на шампионите, а во Лига Европа истата задача ќе ја има Романецот Иштван Ковач. Финалето од Конференциската лига му припадна на Артур Соареш Диас од Португалија, додека женското финале од елитниот ранг ќе го контролира Англичанката Ребека Велч.
Финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра на први јуни, мечот за титулата во Лига Европа е закажан за 22 мај, додека победникот во Конференциската лига ќе биде решен на 29 мај. Мечот за трофејот во елитната женска конкуренција помеѓу Барселона и Олимпик Лион ќе се одигра на 25 мај.