УЕФА ги одреди номинациите: Ѕвездите на Ливерпул фаворити за играч на сезоната

На 25 август во Монте Карло, Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе го избере најкорисниот фудбалер на последното издание на Лигата на шампионите. Објавени се номинациите за најдобрите по позиции за сезоната 2018/19.

Најдобар голман: 
Алисон Бекер (Ливерпул), Уго Лорис (Тотенхем), Марк Андре Тер Штеген (Барселона)

Најдобар одбранбен фудбалер:
Вирхил Ван Дијк (Ливерпул), Александер Арнолд (Ливерпул) Матајс Де Лихт (Ајакс/Јувентус)

Најдобар фудбалер од средниот ред: 
Џордан Хендерсон (Ливерпул), Кристијан Ериксен (Тотенхем), Френки Де Јонг (Ајакс/Барселона)

Најдобар напаѓач:
Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Јувентус), Садио Мане (Ливерпул)

Новинарите од групацијата Европски спортски медиуми (ЕСМ) и тренерите го составија краткиот список, а конечниот резултат ќе биде официјалиран кон крајот на месецот.

Минатата сезона признанието му припадна на Лука Модриќ од Реал Мадрид