УЕФА ги номинира најдобрите во ЛШ, доминираат „кралските“ ѕвезди

УЕФА ги номинираше најдобрите фудбалери по позиции на претходното издание на Лигата на шампионите. На 30 август, на ждрепката на групната фаза на Лигата на шампионите, ќе бидат прогласени најдобрите по позиции и МВП играчот на сезоната 2017/18.

Во изборот учествуваат 32 тренери на екипите кои учествуваат во групната фаза на Лигата на шампионите сезонава и 55 новинари од целиот континент. Меѓу избраните доминираат фудбалерите на европскиот првак, Реал Мадрид, ги има дури седуммина, а изненадува што финалистот Ливерпул е застапен со еден, а полуфиналистот Баерн без ниту еден фудбалер. 

Голмани:

Алисон Бекер, Џанлуиџи Буфон, Кејлор Навас

Одбрана: 

Марсело, Серхио Рамос, Рафаел Варан

Фудбалер за врска:

Кевин Де Брујне, Тони Крос, Лука Модриќ

Напаѓач:

Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Мохамед Салах

Минатата сезона во овој избор најкорисен фудбалер беше Кристијано Роналдо од Реал Мадрид.