УЕФА експресно одговори на жалбата на Португалија

Фудбалската селекција на Португалија експресно испрати две жалби до УЕФА по неочекуваниот резултат во Белград и ремито од 2-2. Европскиот шампион прокоцка водство од 0-2, но во самиот финиш се чини дека беше дебело оштетен од страна на судиите. 

Во 92. минута Кристијано Роналдо ја искористи грешката на Дмитровиќ и ја упати топката кон празната српска мрежа, која на крај со цел обем ја мина гол-линијата, но судиите донесоа одлука дека Митровиќ навремено интервенирал и не ја прекинаа акцијата. Затоа Португалците поднесоа две жалби до УЕФА, едната за судиските постапки на арбитрите, а другата за ВАР технологијата, по што експресно добија одговор од Европската куќа на фудбалот.

„Уште во 2019 година ѝ предложивме на ФИФА за употреба на ВАР-технологијата во квалификациите за Светското првенство. Бевме да добар пат да го оствариме тоа, но поради пандемијата сè се промени. Оперативните и логистичките способности нѐ примораа да не ја реализираме оваа идеја“, соопштуваат од Нион.

На спротивната страна пак, Србите веруваат дека арбитрите ја донесе правилната одлука и со графички приказ покажуваат дека Митровиќ навремено ја отстранил опасноста.