УЕФА донесе одлука за прославата на Роналдо!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) донесе одлука за прославата на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, на натпреварот меѓу екипите на Јувентус и Атлетико Мадрид во рамки на Лигата на шампионите.

Роналдо по хет-трикот наводно ја копираше прославата на Диего Симеоне и се фати за меѓуножјето, а медиумите на големо пишуваа за негова суспензија. УЕФА отвори истрага, но утврдено е дека нема причина за суспензија.

Снимките ќе се прегледуваат уште неколку пати, а ако се утврди дека гестот бил наменет за навивачите на Атлетико Мадрид, Роналдо ќе мине само со парична казна.

Прославата на Роналдо: 

Јувентус во реваншот надополни негатива од два гола и со триумф од 3-0, се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите.