Ждрепката за завршницата на Лигата на нации во јануари 2023 година

УЕФА

Европската куќа на фудбалот ја одбра Холандија за домаќин на завршниот турнир на овогодишната Лига на нации. Ждрепката за завршниот турнир ќе се одржи во јануари, а во неа нема да има носители.

„Лалињата“ ќе имаат можност да играат на домашен терен, во Ротердам и Еншеде. Покрај Холанѓаните, на турнирот ќе се појават Хрватска, Италија и Шпанија.

Ждрепката за полуфиналните парови ќе се одржи во јануари во седиштето на Европската фудбалска федерација во Нион, а засега е познато дека полуфиналните натпревари ќе се играат на 14 и 15 јуни, додека натпреварот за трето местото и големото финале се закажани за 18 јуни.

Португалија и Франција се победници на првите две изданија на ова ново натпреварување на УЕФА.