• Зоран Мишевски
Со церемонија и пригодни гости од фудбалската фела денес беше отворена новата клупска сезона на европските клупски натпреварувања. Посебно признание УЕФА му додели на Челзи, првата екипа која ги освои сите натпреварувања под капата на Европската фудбалска централа.
„Сините“ од Лондон во своите витрини ги имаат: Лигата на шампионите, Купот на УЕФА, Лига Европа, Купот на победниците на куповите, Суперкупот на УЕФА и Конференциската лига.
Челзи веќе двапати е европски шампиони (2012, 2021), имаат ист број титули и во Лига Европа (2013, 2019), како и два трофеи од Купот на победници на куповите (1971, 1998), плус двоен триумф во Суперкупот на Европа (1998, 2021). Единственото одличје што им недостасуваше е токму од Конференциската лига, кое го освоија на крајот од мај во Вроцлав.
