УЕФА делегираше турски судии за мечот Албанија - Македонија во Скадар

Турскиот судија Хусеин Гочек е делегиран од УЕФА за делител на правдата на првиот меч од квалификациите за пласман на Мундијалот во Русија помеѓу Албанија и Македонија в понеделник во Скадар. Нему ќе му помагаат Мустафа Илсај и Кемал Илмас, исто така од Турција.  

Се работи за млада судиска тројка, а главниот судија Хусеин Гочек никогаш досега не им судел на нашите репрезентативци. 

39-годишниот судија од Истанбул трета година е интернационален судија, а од 2007 година суди мечеви во турската Суперлига.