УЕФА делегираше италијански судии за финалето на Лига Европа во Баку

УЕФА го одреди италијанскиот судија Џанлука Роки да ја дели правдата во англискиот дуел за титула во Лига Европа меѓу Арсенал и Челзи. Искусниот судија веќе судеше финале на Лигата на шампионите, а сега ќе означи почеток на натпреварот од второто по квалитет натпреварување на УЕФА.

На 29 мај во Баку дуелот на лондонските клубови ќе го даде и учесникот во Суперкупот на Европа на 14 август во Истанбул. Ирати од Италија ќе биде одговорен за ВАР-системот во финалето. Сезонава, Роки беше делегиран на шест натпревари од Лигата на шампионите.

45-годишниот Роки е интернационелен судија со знакот на ФИФА од 2008 година, а на последното Светско првенство судеше четири натпревари, меѓу нив и дуелот меѓу Португалија и Шпанија (3-3). 

Идната недела Европската куќа на фудбалот ќе ги одреди официјалните лица и на финалето на Лигата на шампионите на 1 јуни во Мадрид меѓу Ливерпул и Тотенхем.