• Иван Димовски

Лигата на нациите ќе добие разврска во јуни, а Европската фудбалска федерација (УЕФА) бира меѓу две земји за домаќинство.
Според германската информатичка агенција „ДПА“, познато е дека УЕФА ќе одбира меѓу два кандидати за домаќин. Се работи за Германија и Италија, две репрезентации кои ќе играат меѓусебе во четвртфиналната фаза. Подобриот од овој дуел во потенцијалното полуфинале би играл со победникот од мечот меѓу Холандија и Шпанија.
Вториот полуфинален пар ќе го сочинуваат победниците од натпреварите меѓу Данска и Португалија, односно Хрватска и Франција.
Инаку, завршниот турнир во Лигата на нациите ќе се одржи од 4. до 8. јуни следната година.