• Саше Љолес
Екипата на Удинезе се избори за многу важен бод на натпреварот од 37. коло од Серија А против Емполи и дури во 103. минута ги постави конечните 1-1 (0-0). Со овој бод тимот од Удине останува жив во трката за опстанок и сега има 34 бода, доволни за 17. позиција на табелата.
- Удинезе - Емполи 1-1:
Емполи поведе во 90. минута со прецизно реализираниот пенал од Мбае Нијанг и гостинските фанови се понадеваа дека нивните миленици ќе стигнат до многу важен триумф, но Удинезе буквално во последните секунди доби удар од најстрога казна, а херој на домашниот тим беше Србинот Лазар Самарџиќ. Радоста на трибините беше огромна, затоа што Удинезе во последното коло самиот ќе одлучува за својата судбина и ќе гостува кај екипата на Фросиноне, која извојува минимален триумф со конечни 0-1 кај Монца.
- Монца - Фрозиноне 0-1:
Емполи е сега во опасната зона со 33 бода, додека Удинезе има еден бод повеќе. Битката за опстанок се вжештува и во последното коло очекуваме голема драма помеѓу екипите од долниот дел на табелата.