Удинезе со бомбастичен трансфер: Легендарниот „Ел Нињо“ се врати дома!

Управата на италијанскиот клуб, Удинезе, официјално соопшти дека постигнала договор со легендарниот Чилеанец, Алексис Санчез, кој се враќа во тимот после цели тринаесет години. 

Санчез реши да се врати во Удине откако му истече договорот со Интер, каде минатата сезона ја освои титулата во Серија А. 35-годишникот добива двегодишна соработка со Удинезе, па голема е веројатноста дека би можел токму тука да ја заврши богатата кариера. 

Чилеанецот блесна со сиот сјај во „црно-белиот“ дрес и во првата етапа одигра 112 натпревари, кои ги „зачини“ со 21 постигнат гол. Потоа играше уште за Арсенал, Барселона, Олимпик Марсеј и Интер. 

Кариерата ја започна во домашната Кобрелоа, а за чилеанската репрезентација одигра вкупно 166 натпревари и постигна 51 гол. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.