ВИДЕО: Удинезе ја врати Фиорентина на калчо-поразите!

Удинезе ја надигра Фиорентина со убедливи 3-0 во последниот натпревар од 27 коло во Серија А и стави крај на серијата од три порази.

  • Извештај од натпреварот:

Домашниот тим го отвори резултатот уште во 10. минута. По корнерот на Николо Заниоло, Кристијан Кабаселе највисоко скокна во шеснаесетникот и со прецизен удар со глава донесе водство од 1-0.

Фиорентина се обидуваше да одговори, но без конкретна завршница, а Удинезе трпеливо ја чекаше својата шанса. Таа пристигна во 64. минута кога судијата по ВАР проверка покажа на белата точка по обострано влечење во казнениот простор. Одговорноста ја презеде Лоренцо Дејвис и беше сигурен реализатор за 2-0. Во судиското продолжение Удинезе го потврди триумфот. Букса ја искористи една од последните акции и ги постави конечните 3-0.

Со овој пораз Фиорентина останува на 16 позиција со 24 бода, исто колку и Кремонезе и Лече, кои се на границата од зоната за испаѓање. Зад нив се Пиза и Верона со по 15 бода. Во следното коло Фиорентина ја пречекува Парма, додека Удинезе ќе гостува кај Аталанта.