ВИДЕО: Удинезе ја намачи Рома, но „волчицата“ искусно до трите бода

Екипата на Рома успеа да дојде до важен триумф и славеше со 3-1 (1-0) над Удинезе во 13. коло од италијанската Серија А. Избраниците на Жозе Мурињо беа подобар ривал и заслужено дојдоа до трите бода од овој натпревар. 

  • Рома - Удинеззе 3-1: 

„Волчицата“ одигра солидно во првите 45 минути и имаше неколку солидни шанси, а единствената ја искористи Џанлука Манчини, кој стрелаше прецизно во 20. минута и домашнииот тим водеше на паузата со 1-0. 

Удинезе немаше намера лесно да се откаже од бодови и покажа дека има квалитет да му парира на ривалот. Гостите заиграа поконкретно и малата иницијатива ја крунисаа со погодокот на Товен во 57. минута од натпреварот. Удинезе доби мотив повеќе, а Рома се обиде малку да ја смири играта во периодот околу 70. минута. 

Публиката на „Олимпико“ им даде огромна поддршка на милениците по примениот погодок, а играчите возвратија на најубав начин во 81. минута. Рома одигра една минијатура пред шеснаесетникот на гостите, Лукаку со пета го пронајде Дибала, кој немаше проблем да ја затресе мрежата и да донесе второ водство на натпреварот. Toчка на победата стави Стефан Ел-Шарави, кој исто така по одлична акција успеа да ги постави конечните 3-1 во 90. минута. 

Рома е петтопласирана на табелата со 21 бод, додека Удинезе останува на 16. позиција со единаесет освоени бодови. Во следното коло „волчицата“ ќе се сретне со Сасуоло на гостински терен, додека Удинезе ќе ја пречека Верона. 

  • Емполи - Сасуоло 3-4:

На натпреварите кои се играа попладнево, Емполи и Сасуоло одиграа многу ефикасен натпревар во кој гостите славеа со конечни 3-4, додека Фрозиноне стигна до триумф на домашен терен над Џенова со 2-1

  • Фрозиноне - Џенова 2-1:

Вечерва се игра дербито меѓу Јувентус и Интер, а колото се затвора утре со последните два натпревари,

Состави

Даниеле Де Роси

3-5-2

    Gabriele Cioffi

    3-5-2