ВИДЕО: Удинезе го запре Наполи и освои бод на „Диего Армандо Марадона“

Фудбалерите на Наполи врзаа два нерешени исходи во низа, па по ремито во дербито со Рома одиграа идентични 1-1 (1-1) и на својот „Диего Армандо Марадона“ против Удинезе во рамките на 24. коло на Серија А

Стартот на средбата беше „бавен“, а првата закана ја имаа гостите преку Лоренцо Лука. На голови се чекаше до последните десет минути од полувремето. Скот Мектоминеј го отвори резултатот со гол по асистенција од корнер на Политано (1-0) во 37. минута. Радоста на домашната публика во Неапол траеше кратко, бидејќи само три минути подоцна израмнување донесе Јирген Екеленкамп. Играчот на Удинезе изведе мајсторија, бидејќи од десната страна испрати многу незгодна дијагонала и погоди во малата мрежа од голот на Алекс Мерет за 1-1. 

Се мачеше Наполи да се наметне во продолжението, иако повеќе ја имаше топката и се обидуваше да креира. Момците на Антонио Конте немаа решение за добриот дефанзивен блок на гостите, па натпреварот заврши без резултатски промени и со делба на пленот. 

  • Извештај од натпреварот:

Наполи останува водечки и по ова коло со 55 бода, а Интер доколку ја добие Фиорентина има шанса да пријде на бод дефицит.