Удинезе го доведе бразилскиот дефанзивец Родриго Бекан

Италијанскиот прволигаш Родриго Бекан е првото големо засилување на Удинезе. Клубот кој се поврзува со нашиот Илија Несторовски денес го договори 23-годишниот Бразилец, кој доаѓа од Баија во Бразилерао.

Фудбалерот минатата сезона ја помина на позајмица во ЦСКА Москва и тука го привлече вниманието на пошироката јавност. Детали од договорот не се познати, но се претпоставува дека Удинезе платил десетина милиони евра.

Бекан веднаш му се стави на располагање на тренерот Игор Тудор и ќе се обиде да се наметне во еден од тимовите кои се најдобра отскочна даска за трансфер во големите клубови.