Удар за Вардар: Мато скрши коска од стапалото и го чека пауза!

Најдобриот фудбалер во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Роџерс Мато, ќе пропушти неколку меча на црвено-црните заради повреда со која се здоби на дуелот со Тиквеш.

По повеќе груби дуели и на крај удар на стапалото во теренот, Мато се здоби со скршеница на коската од стапалото. Играчот ќе паузира во периодот кој следи, а од клубот информираат дека паузата ќе биде четири до шест недели.

Единствено добро нешто во ситуацијата е што следи репрезентативна пауза, па играчот ќе може да се рехабилитира во периодот кој е пред него. Доколку заздравувањето оди според проценките од еден месец, Мато ќе скокне три дуели.

Мато е најдобриот играч во ПМФЛ во моментов заедно со Компаоре од Струга Трим Лум и двајцата се борат за Златната копачка во мак-фудбалот.