ВИДЕО: Удар за прволигашките амбиции на Скопје, пораз од Детонит за крај на годината!

Фудбалерите на Детонит Плачковица го победија Скопје со минимални 1-0 во заостанатиот натпревар со кој се комплетираа сите 15 кола во Втората македонска фудбалска лига. 

Натпреварот кој се одигра на „Градскиот стадион“ во Радовиш му припадна на домаќинот. Релативно рано радовишани стигнаа до предност, бидејќи во 14. минута го постигнаа единствениот гол на средбата. Човек на одлука беше Иван Галевски кој добро се снајде во една мешаница и со убав удар го матира гостинскиот голман. 

Во продлжението од мечот гостите се обидоа да се вратат, креираа шанси, ама не успеаја да го скршат отпорот на Детонит. 

Со оваа победа Детонит Плачковица скокна на седмата позиција со 26 бода, додека Скопје има 29 и ова беше удар за неговите прволигашки амбиции.