Удар за Милан пред калчо дербито со Аталанта

Екипата на Милан викендов игра против Аталанта, но доживеа удар затоа што најдобриот играч Рафаел Леао нема да биде во комбинација за настап.

Португалецот се врати на тренинзите по повредата која ја имаше, се најавуваше дека ќе биде главен адут на „росонерите“ на оваа средба, меѓутоа такво нешто нема да има.

Леао не е во тимот за мечот со Аталанта, затоа што медицинските лица на Милан процениле дека ако го повикаат тоа би можело да биде голем ризик и тој да ја обнови повредата.

Натпреварот меѓу Аталанта и Милан се игра во сабота од 18:00 часот.