• Мартин Танасковски
Младиот македонски фудбалер Бехар Фета пристигна во Марибор за време на летниот преоден рок, но сега се повреди и го чека подолга пауза.
20-годишниот крилен играч го повредил стапалото, јавуваат од Словенија. Според првичните прогнози не се работи за наивна повреда и Фета ќе мора да паузира неколку седмици.
Фета дојде во Марибор од тимот на Воска Спорт, а досега одигра само шест натпревари во словенечкиот фудбалски шампионат и во Купот.
Како што велат од Словенија, тој досега не одушевил со изданијата и мора да биде подобар.