• Иван Димовски
Фудбалерот на Баерн Минхен, Рафаел Гереиро, ќе го пропушти натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите против Челзи поради повреда, пренесуваат германските медиуми.
Португалецот се повреди на дуелот од третото коло во Бундеслигата против Хамбургер (5-0), а поради проблемот беше заменет уште на полувремето. Од клубот соопштија дека станува збор за полесна повреда на мускулот на стомакот.
Иако Баерн не објави колку ќе трае паузата, германските медиуми уверуваат дека Гереиро сигурно ќе го пропушти пресметката со Челзи која е закажана за среда од 21:00 часот во Минхен.
Искусниот 31-годишник оваа сезона веќе има забележано четири настапи за Баерн во сите конкуренции.







