ИСТОРИЈА: Мидтјиланд и Краснодар првпат во групната фаза на ЛШ

Салцбург уште еднаш ја оправда фаворитската улога и вторпат го совлада Макаби Тел Авив (3-1) и убедливо обезбеди пласман во групите во Лигата на шампионите.

Дака постигна два гола и беше прво име во домашната екипа. Гостите израмнија преку Карзев и на момент се понадеваа на изненадување. Но, пеналот на Соборслаи го отвори патот на домашното славје за нов настап во елитното натпреварување.

Уште поубедлив на домашен терен беше Мидтјиланд кој го елиминира тимот на Славија Прага (4-1). По ремито без голови на првиот меч, денешната средба донесе ефикасно надигрување со четири гола во гостинската мрежа. Чешкиот претставник го зададоа првиот удар и поведоа по три минути, но потоа попуштија и дозволија рутински втор дел на противникот.

Групна фаза обезбеди и Краснодар кој со идентични 1-2 како на првиот натпревар го доби вториот дуел со грчки ПАОК.