• Саше Љолес

Лидерот во Првата македонска лига, екипата на Силекс, одигра нов контролен натпревар во пресрет на домашните предизвици и овој пат загуби од тимот на Воитсберг со убедливи 0-3.
Кратовчани со истиот резултат беа поразени и во мечот со Ружомберок, а претходно ремизираа со узбекистанските Пахтакор и Нефтчи Фаргона (0-0 и 2-2).
Силекс го комплетираше првиот дел од сезоната на врвот од табелата и ќе го дочека стартот на пролетната етапа со 37 бода, исто колку што имаат Шкендија и Работнички.