Убав гест на тројцата капитени на Вардар: Сите заедно, за Кочани!

Вардар и Црвена Звезда ќе играат пријателски натпревар за помош на погодените од трагедијата во Кочани во која загинаа 61 лице, а преку 200 беа повредени. Мечот ќе се одржи во Скопје, а подготовките се во завршна фаза.

Над 15.000 билети се продадени за мечот според последните информации, а во кампањата се вклучија и тројцата капитени на Вардар, Горан Закариќ, Филип Гачевски и Азер Омерагиќ.

Тројцата купија по 50 билети, тоа се вкупно 150 билети, а на публиката и порачаа дека ја чекаат на стадион. Целата финансиска заработка од овој меч ќе биде за семејствата се соочија со трагедијата.