Уапсено лице осомничено за смртта на Емилијано Сала и пилотот!

Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала и пилотот Давид Иботсон загинаа во авионска несреќа која го потресе фудбалскиот свет, а полицијата од Англија уапси едно лице кое се сомничи дека е виновно за незгодата.

Се работи за 64-годишен маж, чиј идентитет засега не се открива. Од полицијата велат дека се испитува целиот случај и дека постои можност тој да е виновен за смртта на Сала и Иботсон. Лицето кое е уапсено живее во Северен Јоркшир и моментално е на испитување. Повеќе детали засега не се откриваат.

Емилијано Сала беше на прагот да го засили Кардиф Сити и да стане најскапото клупско засилување. Загина во авионска несреќа, а неговото тело беше пронајдено неколку седмици подоцна, во океанот. Засега не е познато каде е телото на пилото Иботсон.