Уапсени убијците на јужноамериканскиот фудбалер Лук Флерс

Официјалните власти на Јужна Африка соопштија дека полицијата од Јоханесбург уапсила шестмина осомничени за убиството на фудбалерот Лук Флерс. 

24-годишниот играч на Кајзер Чифс и некогашен младински репрезентативец беше застрелан во градите на една бензинска пумпа, додека чекаше работникот да му наточи гориво во автомобилот. Кон него пришле напаѓачите и му ги одземале клучевите, но ни тоа не го спасило неговиот живот. 

Убијците после злосторството влегле во неговиот автомобил и побегнале од местото на настанот. Сите шестмина ќе бидат изведени пред лицето на правдата и за нив се очекува максимална затворска казна во обвинението за убиство и тешка кражба.

Лук Флерс ја започна кариерата во Убунту Кејп Таун, а пред да се пресели во Кајзер Чифс, одигра пет сезони за тимот на СуперСпорт Јунајтед.