Уапсени двајца редари кои ги продавале пропусниците за финалето на ЕП

Фудбалските селекции на Италија и Англија одиграа фантастичен финален натпревар на Европското првенство, но дуелот на „Вембли“ ги одбележа и големите немири пред самиот старт на финалето.

Бројни англиски навивачи кои направија хаос пред легендарниот стадион, го пробија обезбедувањето и некои од нив успеаја да влезат без влезница. Британскиот медиум „Сан“ тврди дека скандалот може да биде уште поголем доколку се докаже вината на двајца редари, кои наводно ги продале своите пропусници и заработиле по 4.500 фунти.

„Се продаваат две пропусници за редар со униформа. Секој кој е заинтересиран може да ме контактира“, стоело во огласот на Фејсбук.

Според истиот медиуми, договорот на редерите за финалето изнесувал девет фунти на час, сума која што е прениска во споредба на онаа што ја добија уапсените редари.