Уапсени 198 навивачи во Франција по победата на Алжир на АКН

Финалето на Африканскиот Куп на Нации донесе победа за Алжир во дуелот со Сенегал. Ријад Марез ја предводеше својата репрезентација кон втората титула во историјата.

Големи прослави се случија во Франција, каде живее голем број на алжирско население. Дури 198 лица беа уапсени, а повеќето од инцидентите се случија во главниот град Париз.

Дури 2.500 полициски службеници беа ангажирани за да спречат уште поголеми проблеми. Победата на Алжирците во полуфиналето донесе дополнителни 282 приведени навивачи.

Значително помалку проблеми имаше на прославите во Тулуз, Лион, Стразбур и Лил.