• Зоран Мишевски


Утрово во Белгија по силна полициска рација уапсени се 12 лица со образлоожение дека планирале терористички напад на денешниот меч од Европското првенство меѓу Белгија и Република Ирска во Бордо.
Имено белгиската полиција пребарала 42 куќи, 152 гаражи и на крајот пронашла 12 луѓе, кои учествувале во терористичките напади на Брисел во ноември минатата година.
Не се откриваат детали, но мечот на белгиската репрезентацијата бил цел на терористички напади, кои полицијата во Белгија навреме ги спречила.