У21 селекцијата ги дозна ривалите на „Анталија Куп 2019“

Младата селекција на Македонија за фудбалери до 21 година, следниот месец ќе има силна проверка на своите моментални можности во пресрет на стартот на квалификациите за ЕП 2021 година во Унгарија и Словенија.

Од 20 до 27 март нашите надежи ќе учествуваат на силниот турнир „Анталија Куп 2019″ во Турција. Во нашата група ќе настапат и надежтие на Летонија, Казахстан, Украина и Естонија.

Со селекцијата на Казахстан ќе играме и во квалификациите за Европското првенство, кои стартуваат во септември.