У20: Норвешка постигна рекорд, Халанд со ДЕВЕТ ГОЛА во мрежата на Хондурас!

Халанд

Членот на Салцбург, Ерлинг Халанд, постигна неверојатни девет погодоци во високата победа на Норвешка против Хондурас на Светското првенство за фудбалери до 20 години.

18-годишникот имаше свој ден и беше расположен за игра од првата минута. Тој го отвори резултатот во седмата, а го заокружи дебаклот на противникот со реализација во 90. минута. Норвешката репрезентација псотави рекорд на светските собири со денешниот резултат. 

Исто така, младиот голгетер го надмина достигнувањето на Бразилецот Адаилтон кој во 1997 година реализираше шест пати во триумфот на „кариоките“ над Република Кореа со 10-3.

  • Деветте гола на Ерлинг Халанд:

За да биде уште полоша за Хондурас, репрезентативците одиграа груб натпревар и заработија два црвени картони. Норвежаните сега ќе се надеваат дека со помош на гол-разликата ќе го продолжат својот престој на СП во Полска.