У20: Израел го „тресна“ Бразил, Италија пресилна за Колумбија

Двете европски репрезентации, Израел и Италија се првите полуфиналисти на Светското првенство за фудбалери до 20 години во Аргентина. Израелците кои минатата година беа хит на Европското првенство до 19 години, го елиминира Бразил, победувајќи го со 3-2 по продолженија, откако натпреварот заврши 2-2 во регуларниот тек.

Со голот на Дар Тургеман во 105. минута, израелската репрезентација го обезбеди најдобриот резултат на У20 Светските првенства и сега сонува медал и учество на Летните Олимписки Игри во Париз.

Противник на Израелците во полуфиналето ќе биде поуспешниот од дуелот Уругвај – САД.

Италија на доминантен начин се избори за место меѓу четирите најдобри екипи, победувајќи ја Колумбија со 3-1. Најдобриот стрелец на турнирот, Чезаре Каседеи, фудбалер на Челзи, пак се запиша во листата на стрелци и ја продожи својата низа на голови.

За влез во финалето, „аѕурите“ ќе се борат со Нигерија или Кореја.