Антовски со Динамо го елиминира Ливерпул и избори историско четвртфинале во ЛШ

Динамо Загреб јуниори

Блескавата сезона на сениорската екипа на Динамо Загреб во Лига Европа како да го мотивираше младинскиот тим кој попладнево стигна до историски успех во Лигата на шампионите за фудбалери до 19 години.

Големите надежи на хрватскиот шампион во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Филип Антовски го елиминираа Ливерпул и тоа по пенал рулетот.

Натпреварот заврши со резултат 1-1, а јунак на „модрите“ беше голманот Динко Хоркаш, кој успеа да спречи две реализации на противничките фудбалери.

Претходно, „црвените“ поведоа во 53. минута со голот на Боби Данкан, а само 15 минути подоцна израмни Леон Сипош.

Во следната фаза, загрепчани ќе се соочат со подобриот од дуелот меѓу Челзи и Монпелје.