• Саше Љолес
Македонската репрезентација до 19 години од 12 до 18 ноември во Португалија ќе учествува на квалификациски трунир за пласман во елитната фаза квалификации за пласман на Европското првенство.
Нашата репрезентација е во исклучително тешка група со домаќинот Португалија, силната Белгија и селекцијата на Естонија. Селекторот на македонската репрезентација, Ерхан Селими, за натпреварите во Порто ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Илоски Давид (АП Брера Струмица), Трајковски Павел (Партизан, Србија), Трајковски Антониј (Работнички);
Одбрана: Радески Златко (Тетекс), Стојаноски Давид (Браво, Словенија), Аслани Абдулах (Лингби, Данска), Атанасовски Лука (Тетекс), Мурџески Андреј (Вардар), Цека Назиф (Шкендија), Шаботикј Емир (Вардар), Ристов Игор (АП Брера Струмица);
Среден ред: Андоновски Каменчо (АП Брера Струмица), Хоти Кренар (Работнички), Локи Ариф (Коге (Данска), Киш Марко (Сесвете, Хрватска), Љатифи Адмир (Осијек, Хрватска), Мехмед Аритон (Шкупи), Касами Лавдрим (Шкендија), Дамјаноски Ненад (Домжале, Словенија);
Напад: Али Хисар (Фероникели, Косово), Бранковски Стефан (Марибор, Словенија);
Нашите надежи ќе го отворат турнирот на 12 ноември против Белгија, три дена подоцна се соочуваме со домаќинот Португалија, а на 18 ноември играме против Естонија. Најдобрите две репрезентации од секоја група и една најдобро третопласирана селекција, обезбедуваат место во Елитната фаза квалификации за пласман на Европско првенство.


