У19: Англија, Луксембург и БиХ се противниците на Македонија во претквалификациите за ЕП

Денешната ждрепка одлучи репрезентацијата на Македонија до 19 години да биде дел од групата 11 од претквалификациската фаза за Европското првенство 2020 година.

Турнирот ќе се одигра во нашата земја во периодот од 13 до 19 ноември наредната година, а противници ќе ни бидат селекциите на Англија, Босна и Херцеговина и Луксембург.

Првите две репрезентации од секоја група и најдобрата третопласирана репрезентација ќе се пласираат во следната рунда.

Оваа година, нашите млади репрезентативци завршија на третото место во група со Хрватска и Чешка и до последниот меч беа во игра за елитната фаза од квалификациите.