У17: Познати противниците на Македонија за претквалификацискиот циклус за ЕП

Младите репрезентативци на Македонија до 17 години денес ги дознаа противниците во претквалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство.

Македонија ќе ги одмери силите со Белгија, Полска и Лихтенштајн и ќе се обиде да најде место во Елитната фаза за квалификации за Европското првенство. Турнирот ќе се одигра од 9 до 15 октомври наредната година.

Оваа година, нашиот национален тим имаше неуспешен настап на претквалификацискиот циклус за ЕП, запишувајќи само една победа над Фарски Острови (4-0) и два порази од Израел (1-4) и Шпанија (0-1).

Со изедначена гол-разлика (5-5) и само три освоени бода, нашите надежи беа трета најдобра селекција меѓу третопласираните и стоеја на последното место кое води во елитната фаза.