У17: Македонија тргна со пораз од Полска на претквалификацискиот турнир

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години загуби на гости кај Полска (3-2) во претквалификацискиот турнир за влез во елитните квалификации за Европското првенство.

Ѓорѓиоски го отвори противникот и донесе почетна предност за нашата селекција. Домаќинот се врати по само десет минути и израмни на 1-1. По еден час игра, Полјаците стигнаа до целосен пресврт, со голот на Куштал. 

Неколку моменти подоцна, Полска се одвои на два гола разлика, што беше недостижна предност за нашите надежи. Тие имаа сили само да го ублажат поразот со голот на Саитоски.

В сабота го играме следниот натпревар, против Белгија, која денес лесно се справи со Лихтенштајн (12-0).