У16 репрезентативците и во вториот дуел на пенали на совладаа Романија

Македонската репрезентација до 16 години одигра нерешено 2-2 против Романија на возвратниот пријателски натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“. 

Нашата репрезентација предводена од селекторот Драган Канатларовски испушти победа во последната минута од дуелот, откако грешката на голманот Васко Василев ја казни Неаску во 90. минута. Четирите погодоци беа постигнати во второто полувреме. Бесар Гучуфи беше двоен стрелец за македонската репрезентација со головите за водство од 1-0 во 71. минута и за 2-1 во 82. минута. 

Во договор меѓу двете селекции, победникот го одлучуваа пенали, а нашата селекција славеше со 7-6.

Македонија: 
Васко Василев, Мирче Стоилов, Бљенд Зекири, Енис Буќи, Матеј Ангелов, Матеј Ѓорѓиев, Михаил Талевски, Бесар Гуџуфи, Никола Павлески, Давид Љушев, Матео Софијаноски 

Уште играа: 
Стефан Тасев, Марко Ристов, Дашмир Елези, Георг Стојановски, Игор Јаневски, Огнен Здравковски, Борјан Попоски, Мите Митев, Хамза Меметриза

Првиот натпревар пред два дена заврши без голови 0-0.