• Саше Љолес
Екипите на Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд ги поделија бодовите во ремито кое заврши со конечни 1-1 (0-0), а се играше во рамките на 13. коло од германската Бундеслига.
Двата гола публиката ги просведочи во вторите 45 минути, а најпрво резултатот го отворија гостите кои поведоа со 0-1 во 64. минута со голот на младиот Англичанец Џејми Гитенс.
Домаќините не се предадоа по примениот погодок, создадоа повеќе убави шанси за израмнување, а наградата пристигна во 71. минута, кога Австриецот Кевин Штогер реализираше пенал за враќање во егал-ситуација.
- Извештај од натпреварот:
„Милионерите“ од Дортмунд имаа за нијанса повеќе од играта и се обидоа уште двапати да стигнат до ново водство, но до крајот немаше резултатска промена и екипите мораа да се задоволат со поделба на пленот. Борусија Дортмунд сега има 21 бод и останува на петтата позиција, додека Менхенгладбах со три бода помалку се наоѓа на единаесеттото место.